Ние и Енглезите - шест милијарди
17 May 2025
- Шест милијарди евра кои ќе се повлекуваат во транши и ќе се користат за капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството и енергетиката, модернизирање на армијата и засилена соработка и размена на информации на безбедносните служби во борба против организираниот криминал, трговијата со дрога и со мигранти е суштината на стратешкиот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
- Преговорите за стратешкото партнерство траеле со месеци а Мицкоски тврди дека условите под кои ќе се повлекуваат средствата се најдобри на пазарот.
- „Репер ни е еурориборот, репер ни се два фиксни параметри а тоа се грејс период и долг период на отплата. Досега фиксирани се неколку проекти а тоа е реконструкција модернизација на пругата која што ќе ги поврзува табановце и Гевгелија со што очекуваме за десет пати да се зголеми карго транспортот и бројот на патници која ќе ја користат и да се зголеми брзината. Довршување на Клиничката болница во Штип, заедно со медицинскиот факултети студентски дом со 200 легла, изградба на нова болница во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во тетово. Во иднина нормално ќе разговараме и за други проекти кои ќе бидат во рамките на овие услови за кои зборуваме“, вели премиерот Христијан Мицкоски.