Никој не е задоволен од пресудата за модуларната во Тетово
17 May 2025
- Тетовскиот суд ги осуди поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, на една година и шест месеци затвор.
- Тетовската клиничка болница, исто како и на првото судење, беше санкционирана со 1 милион денари. Предметниот судија Реџеп Муса, читајќи ги пресудите, рече дека за кривичното дело тешки кривични дела против јавната безбедност е предвидена казна затвор од една до пет години, додека судот ги зел предвид сите отежнувачки и олеснителни околности за обвинетите.
- Семејствата на жртвите изразија разочарување од одлуката на судијата, барајќи по секоја цена поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот министер Анѓушев да бидат изведени пред лицето на правдата.
-
Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, откако ја слушна пресудата, рече дека ќе продолжи да ја бара правдата, бидејќи според него, судот не сакал да донесе правда ниту за членовите на семејствота, ниту на него. „Бев обвинет дека немалопротивпожарни апарати, а всушност бев против ваков објект и одбив да го прифатам објектот, еве го документот што не го потпишав. Обвинителството и сите го знаат ова, го споменав и на состаноците и документот постои, но не беше земен во предвид. Не барам милост, туку правда за жртвите и за себе“, нагласи Бесими.