Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Реал не чека ни ден, договорил 60 милиони евра вредно засилување во одбрана

16 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: Epa Images 

  • Откако во четвртокот вечер Барселона стана нов шампион на Шпанија, а Реал Мадрид остана и без трофеи во Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија и Лига на шампиони, управата на клубот реши веднаш да почне со сериозна работа за следната сезона.
  • Според Фабрицио Романо, Реал веќе го договорил 20-годишниот стопер Дин Хојсен од Борнмут. Хојсен е висок 1.95 игра како класичен централен дефанзивец. Интересно тој е роден во Амстердам, Холандија а неодамна реши да игра за репрезентацијата на Шпанија. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула од 60 милиони евра и тоа во три рати по 20 милиони евра.
  • Кариерата ја започнал во шпанска Коста Унида од каде оди во Малага. Во 2021-ва Јувентус го донесе како огромен потенцијал но никогаш не доби шанса во Торино. Го пратија на позајмица во Рома а од таму потпиша со Борнмут. Сезонава на 30 меча имаше 3 гола и 1 асистенција во англиската Премиер лига. Важи за огромен талент и еден од најдобрите млади стопери на денешницата.
извор

Куманово го чека тешка казна од КФМ за големите инциденти со МЗТ

19 May 2025
  • Share
  • Post
  • МЗТ Скопје обезбеди ново финале во македонската кошаркарска лига каде ќе се бори за шампионска титула против подобриот од дуелот ТФТ Скопје - Раобтнички каде Тафталиџани водат со 2-0.
  • МЗТ Скопје го совлада Куманово на гости за конечни 3-0 во полуфиналната серија. Уште на полувреме во салата во училиштето „Перо Наков“ Аеродромци водеа 28-53 поради што домашните навивачи гневни влегле на теренот да се пресметаат со своите играчи. Го нападнале Тадија Тадиќ на кого сакале да му го соблечат дресот. Реагирале редарите и полицијата.
  • „Приведени се две лица, лишени се од слобода А.Ј. (36) И Д.С. (29), двајцата од Куманово поради тоа што нападнаа играч од домашната екипа за да му го соблечат дресот. Тие се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопштија од кумановското МВР.
  • Ова е којзнае кој инцидент сезонава од навивачите на Куманово. КФМ еднаш ги казни но после ова веројатно ќе следува подолга суспензија на клубот.
извор

Парите од УЕФА земени, а стадионот во Штип е очај

16 May 2025
  • Share
  • Post
  • Уништена фасада поради протекување на атмосферска вода, недовршени тоалети, лоша изведба на влезните врати, лажно запишана опрема за греење и ладење, непостоечка автоматска дојава на пожар иако истата е запишана дека е изведена, незавршени молерофарбарските работи, како и кородирање на челичната конструкција поради лоша обработка, пишува mms.mk за состојбата во која се наоѓа стадионот на Брегалница.
  • Авансот за стадионот во Штип од страна на УЕФА е исплатен уште во 2021 година, но до овој момент реконструкцијата ни одблизу не е завршена.
  • Финалниот рок за завршување на сите работи и технички прием на западната трибина на стадионот во Штип е 31.07.2025 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Кавгата околу орелот

Балканштина
2

На европски тапет: Каја Калас

Забава
3

Аца Лукас: И јас се дрогирам, ама некои претеруваат

Балканштина
4

Толку од обуката

Разно
5

Спиеш ли мирно, Гоце фест?

Музика
6

Брејкинг њуз

Медиуми
7

Да не се заборави: Во Кочани има 50 деца кои треба да закрепнат

8

Упатство: Како прав маж носи кеса

Балканштина
1

Неверојатните одбрани на младиот Иван Галевски - фати 5 пенали против АЕК

Ракомет
2

Драмата во Италија нема крај, Интер веројатно изгуби титула во 90-та минута

Фудбал
3

Најлудачки храбар пеналџија на сезоната

Фудбал
4

Голема победа на Алкалоид среде Атина пред 9.000 жестоки навивачи

Ракомет
5

Големата утка на Арнаутовиќ во 94-та вредна титула

Фудбал
6

14-годишно дете дебитираше во грчката Суперлига

Ракомет
7

Џокерот на Гатузо се вика Александар Трајковски

Фудбал
8

Најтешките солзи на колото

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Упатство: Како прав маж носи кеса

Медиуми

Брејкинг њуз

Балканштина

Аца Лукас: И јас се дрогирам, ама некои претеруваат

Балканштина

Албанска дијалектологија: Тетово версус Гњилане

Балканштина

Нато диета

Македонштина

Охридски досетки

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За гадењето од масите

Татко на годината

Врвен хумор на Ѓоковиќ со италијански новинар

Збирка на бугарски дроги и психотропни супстанци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy