Рубио: Сите во НАТО ќе издвојуваат по 5% за одбрана
16 May 2025
- Сите членки на НАТО на самитот во јуни ќе се согласат да издвојуваат по 5% од својот БДП за одбрана во текот на идната деценија, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
- На самитот по шест недели речиси секоја членка на НАТО веќе ќе издвојува по најмалку 2%, но уште поважно, многу од нив ќе бидат над 4% и ќе се согласат на целта да достигнеме 5% во идната деценија, изјави Рубио за Фокс њуз.
- Генералниот секретар на НАТО Марк Руте предложи членките до 2032 година да ги зголемат директните трошоци за одбрана на 3,5% од БДП и уште 1,5% за други трошоци поврзани со безбедноста.
- Германија и Франција веднаш го поддржаа тој предлог.