Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Македонците од Европа бараат враќање на името

11 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Координативното тело на Македонците за Европа покренува „Петицијата за враќање на уставното име Македонија и за раскинување на Преспанскиот договор“.
  • „Преспанскиот договор од 2018 година е коренот на обезличување на Македонците. Овој договор означува губење на нашето име, идентитет, историја и нација. Со него се прекршува меѓународното јавно право, а особено универзално признаените човекови права“. Додавката „Северна“ е идентификациски модификатор и недозволено го менува суверениот национален идентитет. Исто така, таа ја погазува волјата на македонскиот народ, изразена преку референдумот од 2018 година“.
  • „И ние Македонците имаме право на идентитет и љубов кон нашето име и нашата нација. И ние Македонците имаме право на живот. Раскинувањето на Преспанскиот договор е борба не само за нашето име туку и за нашето идентитетско и културно опстојување. Поддржете ја нашата борба против Преспанскиот договор ако верувате во правдата и правото на секој човек да живее со своја историја, култура и национален идентитет“, наведува иницијаторот.
  • Петицијата ја поведува Координативното тело на Македонците во Европа и светот, а тоа се: Координативно тело на Македонците во Европа и светот, Женева; Светски македонски конгрес од Обединето Кралство; Светски македонски конгрес од Канада; Совет на македонските општини од Австралија; Македонска радио програма ЗЗЗ од Мелбурн; Обединети Македонци од Канада; Македонска заедница Обединето Кралство; здружение „Цар Самоил“ од Белгија; Македонско-финско здружение од Финска; MКД „Пијанец“, Швајцарија; МД „Македонија Ешалан“, Швајцарија; „МК Пирок“, Швајцарија; Асоцијација Француско-македонска средба – Рефрама, Швајцарија.
извор

Таравари ја напушта власта

12 May 2025
  • Share
  • Post
  • По речиси еден месец тактизирање, Таравари го најави излегувањето од Владата со проценка дека подобро е да има пет градоначалници отколку двајца министри.
  • Мицкоски веќе им посака среќа во опозиција, иако, како што рече, не ги разбира зошто од власт одат во прегратките на ДУИ на Али Ахмети.
  • Главната битка на „одметнатата Алијанса“ е како да ги задржи петте пратеници. Токму нивното единство од една страна ќе значи дека АА ќе има пратеничка група, а од друга дека Вреди, односно власта, со само девет пратеници од заедниците ќе нема Бадентерово мнозинство.
извор

Берлин со ултиматум за Москва, Кремљ враќа: Не играме така

12 May 2025
  • Share
  • Post
  • Германија и постави ултимативно барање на Русија до крајот на денот да се изјасни за понудата за 30-дневно примирје за да избегне нови санкции од Европа.
  • „Часовникот отчукува. До крајот на денот остануваат 12 часа. Ако Москва не го прифати барањето (за примирје) ќе бидат покренати подготовки за нови санкции“, изјави претставникот на германската влада Штефан Корнелиус.
  • „Јазикот на ултиматуми е неприфатлив за Русија, не можете да разговарате со Русија на таков јазик“, врати портпаролот Димитри Песков.
  • Русија и досега не се возбудуваше многу од санкциите што ѝ ги наметнуваше Европа поради воената интервенција во Украина. 
  • Европските лидери во саботата од Киев побараа безусловно 30-дневнo примирје, почнувајќи од денеска. Владимир Путин возврати со предлог Русија и Украина да се сретнат на преговори в четврток во Истанбул.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонците од Европа бараат враќање на името

2

Што е со пасов дете?

Фудбал
3

Изгубени во тројката

Балканштина
4

Уште Аца Лукас им фалеше

Онака
5

Ружа Трендафилова Каранфилова

Македонштина
6

Тактиката со која италијанскиот фаворит не стана Папа

Свет
7

Ни библиотеки, ни легенди

Музика
8

Има нешто што се вика „оземпик-насмевка“ и не е добро

1

Македонците од Европа бараат враќање на името

2

За да се одбранат од руски напад, си ја минираат сопствената иднина

Свет
3

Тактиката со која италијанскиот фаворит не стана Папа

Свет
4

САД и Кина ги спуштија тарифите на 10% до август

5

Не ми го кради ветерот

Свет
6

Во Америка се тркала дрога 100 пати посилна од фентанилот

7

Ќе го преживее ли Урсула судот на ЕУ?

Свет
8

Сакате краток или точен одговор?

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе има ли раат од вакви со тие камерите?

Балканштина

Фатени лопови

Балканштина

Изгубени во тројката

Македонштина

Ружа Трендафилова Каранфилова

Балканштина

Вештачката интелигенција вакво добредојде нема доживеано

Балканштина

Кога кумот ти работи во Брза помош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Брендовите џабе фрлаат пари на Фејсбук и Твитер

Пантелија дефинитивно го умреа

Шепкачот

Ебола со утеха

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy