- Кошаркарот на членот на третата лига, Дино Баскет, Петар Ивановски (20) е меѓу жртвите кои го загубија својот живот во страшниот пожар во дискотека во Кочани.
- Тажната вест ја потврди неговиот клуб Дино Баскет кој важи за еден од најголемите расадници на таленти во Источна Макеоднија.
- „Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, напишаа од Дино баскет.
- Јаник Синер и Карлос Алкараз одиграа епско финале на Ролан Гарос кое траеше најмногу во историјата на овој турнир: повеќе од 5 часа тенис.
- Благодарение на триумфот во Париз, младиот Шпанец Алкараз се искачи на шесто место на листата најголеми заработки во светот на тенисот со 44.732.623 долари. Јаник Синер е деветто место и досега заработил 41 милион долари. Единствени што имаат над 100 милиони долари заработки е големата тројка Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
- Ѓоковиќ досега заработил 187.870.986 милиони долари од сите турнири во професионалната кариера каде остварил резултати вредни одредена сума според наградниот фонд. Надал е втор со 134.946.100 долари заработка од тениските терени.
- Дејан, Атанаско, Александар, Слаѓан, Драган, Благој и Петре се верните навивачи кои имале вистинско патешествие за да стигнат до Астана. Поголем дел од нив се луѓе кои работат во Англија, а Слаѓан работи во Словенија, пишува СпортМанија.мк
- „Од Лондон специјално дојдовме до тука за да ја бодриме Македонија. Беше тешко да се најде конекција до Астана затоа што нема директен лет. Ние прво патувавме до Истанбул, потоа до Алмати, а дури потоа сигнавме во Астана. Целото патување траеше повеќе од 24 часа. Беше напорно, се изморивме, потрошивме многу пари само за да дојдеме тука, но кога е за Македонија, не се жалиме“, вели Александар.
- „Се зачудивме дека сите тука знаат каде е Македонија. Кога се возевме во такси, кога ќе застаневме некаде некого да прашаме, дали е тоа некој келнер во ресторан, сите знаеја каде е Македонија. За разлика од западна Европа каде некогаш се чудат каде е тоа, кога ќе кажеме дека доаѓаме од Македонија“, открива Александар.
- Заиграле и Пајдушко во ресторан во Астана