Сејдини поднесе оставка, ФФМ закажа вонредно собрание
17 November 2024
- Првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини и официјално се повлекува од претседателската фотеља.
- Оставката се случува откако пред нецели три недели, 10 од вкупно 16 членови на Управниот Одбор на ФФМ, незадоволни од неговата работа, му испратија соопштение да закаже итна седница.
- „После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на ФФМ. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Ја напуштам оваа позиција со гордост“, вели Сејдини во соопштението.
Сејдини ја губи довербата од УО на ФФМ, бараат итно да свика седница