Дупката, името и проблемите

Улица во Берово последниве денови постојано се поплавувала поради упорните дождови. Надлежните испумпувале и чистеле шахти, ама, бадијала. На крај им  текнало - да направиме дополнителна дупка за водата! Паметно, само што дупката ја направиле на погрешната страна на улицата. А улицата.... 

ХРТ за Кочани: Прекината младост

Притиснати меѓу страшна тага, болка и страв, во Кочани тагуваат семејствата, пријателите, соседите. Наместо да ја живеат младоста, на локалните гробишта последно почивалиште најдоа оние чии животи - во градот во кој сите се познаваат - беа испреплетени, некогаш во животот, сега и во смртта. Има ли Македонија сила да се ослободи од оковите на корупцијата што доведе до невидена трагедија во која загина една генерација млади луѓе?

Нема невин маж?

Судијката Славица Наумова Јосифовска пофалена (обвинета) дека суди и без докази.

Положен ТОЕФЛ за балкански јазици

Србин наоѓа човек од Бангладеш кој шест години работи како келнер на Малдивите. Знае српски, македонски, хрватски, босански.... Притоа, да не испадне дека само се фали, дечково му демонстрира колку добро ја сфатил главната поента на нашите јазици - да заебеш некого.

Сведоштво на младиот спасител Јован

Во една прилика го нарековме Јован Спасител. Младиот Костадинов од Виница има само 19 години и се нашол во смртоносната дискотека во Кочани таа вечер кога настана пеколот кој го сотре градот и Македонија. Останал прибран и присебен, херојски помагајќи им на тие што можел да им помогне. Ужасен настан. Ужасно сведоштво. 

Перински да ги прибере спамерите од министерството

Добиваме ние секакви спам меилови, ама главно од странски преваранти со бизнис/маркетинг понуди за наивни. Не очекуваме да ни се полни сандачето од некоја служба на министерство на кое нит си ѝ побарал да ти праќа меилови, ниту предвиделе културен начин да се извадиш од таа меилинг листа (слушнале тие за опцијата „unsubscrube“?) а богами мува не ги лази ни кога ќе им пишеш. А им имаме пишано два пати. Ова е третпат.