Новинар - трагач

Србија и регионот се радуваат на среќниот епилог со исчезнатото двегодишно девојче Дуња од Уб која покрај еден поток ја најде кучето Икона од горската спасувачка служба. Потсмрзната, но жива и здрава. На новинарката ѝ било логично да постави прашање како кучето успеа да ја наде Дуња. На соговорникот му е логично да ѝ одговори вака.  

Македонија до Кејт Буш

Кејт Буш е занимливо музичко име „од пред сто години“ (така викаат младите, нив све им е од пред сто години) чија популарност неочекувано оживеа после 40 години, благодарејќи на филмот „Stranger Things“. Неочекувано е и нешто друго: имала инспирација и од македонската традиционална музика. Со една наша чалгија, Антице џанам душице, е украсен рефренот од една нејзина песна „од пред сто години“ (1989-та).   

Двајца се караат, Змејот користи

Имавме неколку зезалици со вештачка интелигенција на теа кавгата меѓу Зеленски и Трамп (види овде), ама ако треба да се претерува (а треба, умереноста е досадна работа) тука се Србите. Ја измонтирале сцената во Овалната соба со оној брѓанин, Змејот од Шипово, еден од најгласните и најнеподносливи ликови на српската риалити шоу сцена. Кој рече дека не може на човек да му падне жал и за Трамп и за Зеленски?