Никој нема да биде „Халид наместо Халид“

„Ни отиде Халид. Го оплакуваат луѓе од трајно раскараните и завојувани страни. Го жалат и оние кои би ги развеселило кога би умрел секој друг кого оние другине го жалат“, напиша деновиве Миљенко Јерговиќ по веста за заминувањето на легендарниот пејач кој повеќе сакаше да го паметат како добар човек.

Лично, ќе кажам дека го сакав и дека беше добар човек. Освен што не им газеше на маката на другите и никогаш не поттикнуваше омраза кон никого во име на нечиј патриотизам, Халид Бешлиќ ја користеше својата ѕвездена популарност за да им остварува желби на луѓето. Никој нема да биде „Халид уместо Халида.“
Миљенко Јерговиќ

Сарајлии го испраќаат со песна:

Кога се пееше заедно:

Една од легендите, раскажана од Мирза Хатиќ, некогаш озлогласен криминалец од Босна, кога отишол да го рекетира Халид.

Во една прилика, кога се бавев со тие работи, отидов кај Халид Бешлиќ пред неговиот хотел да му барам пари. Знаев дека има бидејќи неколку дена пред тоа имаше концерт. Тој дури и не сфати дека сум дојден по рекет. Ми рече кажи колку ти треба. Ме фати жив срам и си отидов дома, ништо не му земав. 

Види и:
Халид, поголем и од своите песни

 

9 октомври 2025 - 12:29