Кебапи со шаховница

Еден глупсон од жанрот „travel blogger“ со 600.000 Инстаграм следбеници, деновиве предизвика мини балканска војна на мрежите откако дојде во Пула, нарача кебапи и ги прогласи за „хрватско национално јадење“. Можете да замислите каков правдољубив гнев се разгоре, од Велес преку Лесковац до Бања Лука. За црепот (Том Гронд од Холандија), кебапите се хрватска верзија на донер. Андрија реши малку да се спрда со таа каста.

Има ли Дарко ќерка?

Прв Пеле во фамилијата на македонскиот фудбалер Дарко Алексовски бил неговиот дедо. Бидејќи и Дарко бил атрактивен и интересен фудбалер и тој станала Пеле, ама нејќел Пеле со него да заврши па го дал Пеле и на неговите синови. Значи, синовите на Дарко се викаат Пеле? Не, се викаат Неимар и Габриел. Ама им додал и Пеле. И не се презиваат Алексовски, туку се презиваат по дедо им Благојче. Што не е јасно?