Заслужуваме подобро високо образование?

Топ 13 „славни“ цитати од учебници за високо образование. Едни небулози, едно талибанство, чудесии. На пример, дека наркоманите се, меѓу другото, критизери и фалбаџии, или пак дека ако луѓето постанат хомосексуалци, човечкиот вид ќе престане да постои. Ко да некој некому со сила ќе му го земе газот и ќе му го постануе хомосексуален, па после така со сите и онда - паф! - ќе исчезнеме. Како бе вака? Како бе факинг вака??

Лепи зад облаците

Човекот (ничим изазван) се вика Лепи и има спот што не знаеш дали попрво да  не го гледаш или да не го слушаш. Она што е сигурно е дека Лепи има над 2,3 милиони прегледи на видеото, бројка која ако ја помножиш со клип од три и пол минути, добиваш дека човештвото само на ова видео на Лепи има потрошено над 8 милиони колективни минути. П.С. Сè што ќе ви текне вам да промрчите околу Лепи, веројатно веќе (многу подобро) е кажано во коментарите на песната.