Кога Малнар ја тераше Лидија пред Мишо

Клипов изваден од емисијата „Ноќна мора“ заедно да го гледаат Харви Вајнстин, Луи СиКеј, Кевин Спејси, Стивен Сигал, Дастин Хофман, Џорџ Такеи, Бил О'Рајли, Чарли Роуз, Мат Лауер и други, и на крај да си речат „Ех, во каква глупа земја ние се родивме“.

За општина Чаир, вторпат

Во март забележавме дека сајтот на општината има само албанска верзија. Тогаш само линкавме до сајтот („Чаир е често еднојазично место“), ајде да не правиме драми, па да ни се накотат дебилни коментари за шиптари и каури. Може е моментален проблем, фушерајка, може македонската верзија само што не е пуштена.... Осум месеци подоцна, мислите дека на владетелите на Чаир им текнало дека таму има и Македонци? 

Штипска егзотика

„Ваква силуета е многу тешко да се види на овие простои, а и пошироко“ ќе ѝ признае водителот на својата соговорничка, инаку сопственичката на наведената силуета. Рубриката им се вика „На кафе во Штип“, но агзотичниот водител ќе дополни: „Сега немаме кафе пошто ситуацијата е сосема друга. Имаме базен...“ Не се секирајте, нема да го сркаат базенот.