Од нашиот највисок законодавен дом, во најфрагилните моменти на македонско-грчките односи, координаторот на пратеничката група на СДСМ неочекувано извика: „Македонија е една!“ (на крајот на излагањето додаде: „И една ќе биде!“). Или на тој човек ништо не му е јасно што деновиве се случува па на ауто-пилот го вергла она што го вергла, или пак си мисли, ако во оваа мала Македонија, за 9 месеци тој успеал да земе 9.454 евра евра за патни трошоци, како ли ќе му тргне живеачката кога на државен трошок ќе ја шпарта таа цела „една Македонија“!?