Краткотраен обид да се наруши угледот на нашиот лидер

Очајот деновиве оди во секакви правци. По нас знаеме; после сите рокенроли, Лу Риди и Клешови, после сите Алан Форди и Монти Пајтони, нам ни доаѓа на сајт да ставаме песни од Петре М. Андреевски! Не дека Петре е крив за нешто, туку зашто тоа никогаш не било наш филм. Е, до толку сме снеможени. Туку, еве еден таков краткотрен крик (го снема за пола саат), јес аматерски и залуден, ама барем склопен на пристоен англиски. Но дискасити.

Кого подобро ќе разберете, Стојанче или Коѕијас?

Стојанче - како сум ја средил МТВ - Ангелов стратешки процени дека од Грција сме извлекле максимум што можело да се постигне во овој момент (генерално, треба да го гледате на Само вистина да видите колку може да се урниса еден човек). Истото тоа го признава и шефот на грчката дипломатија, само што тоа малку поинаку го формулира.

Што ги тера луѓево вака да си пукаат во нога?

Замислете хирург да ви каже дека Хипократова заклетва која ја положил е нешто што само звучи убаво а медицинските протоколи по кои требало да ви ја изведе операцијата се обично парче хартија?

Отчетно, транспарентно и со плочка

Пред да стане министер задолжен за комуникации, отчетност, транспарентност и менторирање на „корисни“ медиумски смрадови, Роберт Поповски имаше ТВ емисија. Во една прилика гостин му беше Али Ахмети, коалиционен партнер во актуелната влада. И во таа прилика падна муабет за најстрашниот вмровски споменик кој нè скара со Грците и пред цел свет им даде за право да бла, бла.....

Имале тие и химна на Македонија

Откако напрасно ја засакаа по нашето осамостојување, Грците направија сè за да ја опремат нивната идеја за Македонија. Денес разбравме дека имаат и химна. Ц ц ц, нигде не ги доведе тој нивен патриотизам.