За народот кој верува во ангели

Дел од една странска репортажа за СЈО, помпезно наречена „Македонските Чарлиеви ангели“, сосема прикладно на тогашната еуфорија околу „специјалците“. Чисто како показна вежба за тоа како времињата знаат да ја променат перцепцијата. Она што некогаш изгледало јако, бескомпромисно, алал вера, виде ли брат?, во светло на некои нови настани изгледа сосема поинаку. Јеби га децо, ничија свеќа не горела до зори.

Битола, поинаку?

„Кога ќе дојде родител со дете заболено од малигна неоплазма, на него да му ја дадете програмата, да видите тој што е ви каже за неа“, реагира битолскиот советник Иван Чулакоски (од независната група „Поинаку“) на програмата на градот против аерозагадувањето, која според него, иако напишана на цели 4 страници, содржи едно големо НИШТО.

Блендирана медиумска памет

Ѓоко Ѓорчев, кого, нели, некои го нарекуваат „македонскиот Том Џонс“, во оваа емисија еднаш го најавија како “македонскиот Том Џонсон“(?!).

За Македонија со љубов

Била во 40-тина земји во светов и објаснува зошто Македонија ѝ е во врвот на нај-најдобрите кои ги запознала. Предупредување: Кај организми ненавикнати на љубов кон Македонија можно е да се јави мачнина и гадење, потреба од тврдење дека субјектот е небањат или одбрана со неуништивото алиби „дој со мојава плата да те видам“. Пред употреба на клипот, консултирајте се со надлежен хејтер или демагог а после употреба голтнете противотров во вид на некоја Фејсбук кавга, околу нешто.