Под сенката на властите

Слично на нашите сливници и шахти, и владеачката СНС во Србија не изостанува во трката да ги исполни изборните ветувања, да ги испочитува роковите и на граѓаните да им подари проекти од трајна вредност за квалитетот на нивните животи. Во случајов, објект кој штити од дожд (хеј!) а богами и од сонце, ако под објектот се најдете во 12 часот напладне.

За ЕУтаназијата, ЕУмесијанството и нашата "добра смрт" (εὐθανασία)

Иако, скоро и да нема ниту еден историски, книжевен или политички пример каде понизноста, покорноста, сервилнoста, главо-климањето, угодништвото, раболепието, улизнувањето, бескарактерство и сл. на истите/истиот им донело нешто добро, сепак нашата дипломатска "стратегија" се темелеше на повеќе од наивното очекување дека можеби "ќе им падне жал, бидејќи направивме се". Резултатот е следен: