Наместо годишен одмор, да се проба ова

Дечкото не оди на годишен одмор бидејќи нашол нешто што многу повеќе му врши работа. „Човек јаде, пие, баш психички одмори,“ вели гуруто за својата оаза. Многу квалитетен и промислен предлог.. Подобро да се проба додека уште е доброволно отколку кога ќе животот ќе те натера на тоа. 

Кој ти е дилерот, човеку?

Една жена не може да се начуди на оние кои (главно со државни пари) се импресионирани од напредокот па сака и она да проба така. 

Само вистина е дека топ тема му е пенкалото

Со оглед на тоа што македонските телевизии играат со еден те ист шпил свои гости, само прашање е на време кога и кој македонски водител ќе се одважи вака да даде до знаење што тоа најмногу го занима во текот на емисијата. 

Обнова на Охридската Архиепископија

Ние реално баш и не сме најљубопитни за црковно-историски теми, ама какво невреме нè навјаса и какви мемоцидни злотвори се имаат накотено, убаво ни доаѓаат секакви детали за Македонија (тоа ви е оној бренд кој денес само Грција може официјално да го користи; фала Заев, фала Димитров, фала 80 пратенички црепови). Ако, пак, некому не му се бендисува филмчето, нека оди да поплаче кај мајка му.