Финална јада у Пожаревца града

Гевгелија има смоквијада, Валандово ракијада, Смоларе костенијада, Штип пастрмалијада, Велес питијада (последниве две треба да е обратно), но сето тоа изгледа некако без завршница, без логично и епистемолошко финале. Го имаат Србите.

10 години по ред во Пожаревац се одржува традиционална - гробаријада.

На неа доаѓаат погребни работници и менаџмент левел од целата околина, годинава имало дури 250 официјални гости. Последнава погребијада поминала во знакот на извесен Радиша Михајловиќ Дрнда, еден од најпознатите брендови во околината кој славел 25 години работа но и заминување во пензија. 

Вака изгледало сето тоа:

Ај па и ние да си дочекаме.

 

 

 

 

 

 

4 ноември 2019 - 13:17