Џони Штулиќ на Косово

Не, деца, нема баш сè на Јутјуб, има нешто и по личните архиви по кои некогаш знаеме да се закопаме. Тоа знаат да бидат видеа со најчкарт квалитет (пошто дајалап времиња) но содржините ни се драгоцени. Последниот улов: во улога на репортер и златна рипка, Џони факинг Б. Штулиќ, насред факинг Приштина, насред факинг Косово, во далечната 1990 година. Што прави? Бара излез од кризата.

Мистер Бин Мицотакис

Лесно е да се пеливаниш за Македонија, особено кога за спаринг партнери имаш мекотели кои имаат задача да ти попуштаат. Но, човек не мора да биде експерт за говор на телото за да види како тој антички штит се топи кога ќе се најде во близина на „Сонцето од Пекинг“.

На кој јазик пеат овие?

Од Владата на оваа туробна северна творба би ви рекле „Кои сме ние да кажуваме на кој јазик пеат тие?“ Се викаат Чепкало проект, од Грција се а тоа автоматски значи дека не пеат македонски, бидејќи според она што го потпишаа Заев и Никиликс во Преспа (а што е темелен документ на оваа туробна северна творба), терминот македонско во Грција е резервиран за она што ѝ припаѓа на хеленската култура и традиција. А да видите чудо, ќе ги разберете. 

Обединети Македонци, сељачишта едни

„Обединети Македонци“ решиле да организираат „анти-мигрантска“ скара, па се собрале во нивна близина и фатиле да чурат сланини и други скараџиски ентитети на база на свинско (јасна ви е поентата). Чисто да прателе симболична порака дека нивната земја нема да ја загуби својата култура и идентитет.