Обединети Македонци, сељачишта едни

„Обединети Македонци“ решиле да организираат „анти-мигрантска“ скара, па се собрале во нивна близина и фатиле да чурат сланини и други скараџиски ентитети на база на свинско (јасна ви е поентата). Чисто да прателе симболична порака дека нивната земја нема да ја загуби својата култура и идентитет.

За да не испокршат нозе овдешните медиуми и невладини по нови грантови, само мал детал: Обединети Македонци ('Enomenoi Makedones') се Грци, нивната земја е Грција а скарата се правела до кампот за мигранти Диавата покрај Солун.

 

11 ноември 2019 - 15:36