Браќа Бугари, дај бе одјебете

Да потсетиме, група македонски интелектуалци пред пар месеца објавија отворено писмо до ЕУ како реакција на ставовите и барањата во Декларацијата на бугарското собрание, ставови кои деновиве беа бетонирани од бугарската академија. А Стево - изгубен во свемирот - Пендаровски најде да кука за тоа како не сме знаеле доволно бугарски актери. Што би рекла онаа севселенска будалетина „Изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жицата.... на мојот мултиетнички народ“.

Рани канаринец да те лежи затвор

Човекот е осуден на три години затвор заради одгледување на неколку стебленца канабис. А единствен виновник е канаринецот. Не разбираш ти тоа, друже судија.

Николче како Стојанче

Никола Степан е хрватска варијанта на наш Стојанче само што наместо на политика, овој има удрено на музика. Постојат индиции дека дел од камењата со кои тој се справува, всушност се кршат под неумоливиот фалш. Песната се вика „Карате тренирам“ а спотот е акција до акција.