Две Грети од Бугарија

Две млади момчиња од Бугарија во автобус дебатираат за дилемата, тадаам, капитализам или комунизам! Да видите само со каква „пензионерска“ сериозност и ангажираност тие се занимаваат со оваа тема. На нивна возраст, од наши дечки можеш да извадиш муабет евентуално за Фортнајт или за Џипи. 

Ако нејќе Мујо во веце...

Легендарниот градоначалник на српска Јагодина пригодно отвора веце за земјоделците, среде нива. Како што луцидно опсервира премудриот Палма, проблемот кој тие луѓе го имаат е особено видлив кога пченката е ниска.

Добрила Кацарска vs Душко Лазаров

Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас.