Костурчанки, абориџинки

Духот на Костурчанките (глас) и духот на абориџините (инструментот диџеридо) се среќаваат сосема случајно и спонтано, на неутрален терен, во Љубљана. Имаат тие два духа за што меѓусебе да си поплачат. Запис од средбата.

Како на црнечки уши им звучат балканските рапови

Харви Дон и Рејмон Битс седат и преслушуваат трешови од овие простори. Некои им имаат добар вајб, српските им се ментолки, за Ицо Хазарта викаат дека чисто испорачува стихови а македонските баш добро им легнуваат. Слаткар мора да се осеќа глупо кога гледа дека уште викаат Македонија, а тој толку се трудеше да објасни дека мора да го смениме името пошто немало друга опција (во онаа глупа пропагандистичка песна во слава на НАТО).