ВИС Преклапача

Само во оваа постава некој може да каже дека го „свирам првиот глас“ а тоа да не е фејкњуз. Елем, друштванцето нашло начин како гласовите да ги искористи како инструменти. Што сè човек на овие простори нема да смисли само да не се фати за мотика или да седи со жена му.

Прцање од Гркот, со цело право

Памтите во што беше суштината на Преспанскиот договор? Македонија да ѝ се даде на тацна на Грција, како термин кој може да го користи на ексклузивен и неусловен начин, а ваму да се преименуваме на секој плочка и штембил, со пропратни звуци од мизерни државни концерти и продолжено зуење на брусилици на шахти. Јак дил, нели? Да им покажеме како изгледа таа капитулација на оние на кои ни трансплантација на мозок не би им помогнала. 

Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате

Затоа денес овие примитивци на власт можат да ве „прцаат“ како што сакаат. И тоа го прават многу успешно.