Щото се Булгари

Павел и Венци Венц фино го запердашиле она патриотско мавање по гради на алкохолен погон што е феномен својствен на целиот овој тажен регион (пред концертно да ја опејува нашата светла НАТО иднина со сменето име, Вртев тоа го викаше „со скинати гаќи и опинок во глава“). Ама, особено е бурлеска кај оние кои патриотски жалат по туѓи девојки од туѓи дворови. Зошто прават така? Е, види наслов, де.

Како се вика Доналд Трамп на босански?

Милорад Додик! Послушајте го ова него бескрупулозно пресметување со политичките противници при што апла во фаца им вика дека ги знае што олош се бидејќи ги прислушува. Па ги хушка едни против други. Ни свиркачи, ни анонимни доставувачи кои демек оставиле некаков материјал во двор, ништо од тоа. Директ: „“Нема власт која не ја прислушува опозицијата, жалете се на Транспаренси, на кого сакате!“, ќе го каже Додик она што Никсон не смееше да помисли да го изусти.