Памтите во што беше суштината на Преспанскиот договор? Македонија да ѝ се даде на тацна на Грција, како термин кој може да го користи на ексклузивен и неусловен начин, а ваму да се преименуваме на секој плочка и штембил, со пропратни звуци од мизерни државни концерти и продолжено зуење на брусилици на шахти. Јак дил, нели? Да им покажеме како изгледа таа капитулација на оние на кои ни трансплантација на мозок не би им помогнала.