Заборавени скопски денс движења

Спот на Бис-Без и нивната верзија на „Море сокол пие“. Тотално е аудио/видео во асинк, ама нема врска. Дражесни сцени на заиграни и ведри млади луѓе, со дечиња на рамо и слично. Најјакиот денс сегмент се случува меѓу 1:13 и 1:19. Како спот на Devo да треба да прават аналогни роботи на Крафтверк, тренирани од Ministry of Silly Walks на Монти Пајтон.

Високи градежни стандарди и длабок професионализам

Да видите само како се работи на една скопска зграда која ја изведува многу позната градежна фирма (во последни времиња често спомнувана во јавноста). Па уште кога дечково што снимал им се јавил за да им каже што се случува, тие му потврдиле дека знаат, со објаснување дека „Ивица го прави тоа, со одобрение на Марјан“. Профи.

Никогаш не следете овчар

Опционално: овчар кој вози Голф двојка. Но, доволно е да се испочитува и првиот услов. Ако сакаме некогаш да ни тргне и да успееме да си го најдеме патот.

Кој антибиотик го сакате?

За оние што веднаш трчаат по антибиотици во аптеки. Или за оние што на докторот му кажуваат кој антибиотик им врши работа. Или за оние што се лутат ако докторот не препише антибиотик на првите знаци на настинка на нивното дете.