Нова песна за татковината, за првачиња или понављачи

Дојдовме до песничка за татковината за првоодделенци, во која и на децата им ја пишале како Северна, пошто од нивните пријатели од Грција научиле дека труењето е најефикасно ако се почне од мали нозе. Ние малку од малку ја продолживме песната, ферски е да ја знаат нашиве мали поголемата вистина за името на нивната татковина Македонија.

После дождот

Нефролошкото одделение во Струга е во полоша ситуација отколку бубрезите на неговите јадни и кутри пациенти кои лежат по ходници, покрај нив канти што го собираат она што капе од натопените и рошави тавани. Еве ви ги, нагледајте си ги реформите, багро функционерска, и тие денес, и тие вчера.