Историјата не е она што Заев ќе го напише на плочка

Фино раскажана историја на античка Македонија, пред Филип и Александар. Наспроти несомнените врски на нивните владеачки фамилии со хеленскиот свет, обичните Македонци биле сметани за туѓинци од страна на традиционално ксенофобните Грци. Херодот не ги опишува како грчко кралство туку како кралство на Македонците а Тукидит спомнува три главни групи во Пелопонеските војни: Грци (Атињани и Спартанци), варварски Илири и Македонци.

160 години т'пи и упорити

Значи има-нема, минимум 160 години Македонците им ги кажуваат и повторуваат истиве работи на Бугарите. Цели 31 година ПРЕД Јосип Броз Тито воопшто да биде роден, и цели 58 години ПРЕД да биде формирана Коминтерната. Вистинското прашање е уште колку пати по 160 години треба да поминат за Бугарите конечно да престанат со своето наци-шовинистичко лудило кон Македонија и Македонците?

Сите сме наштимани од Геринг

Прочуениот српски гитарист Крле (оригинално од Генерација 5 ама нема со кого нема свирено), влегува во тешка езотерија и тврди дека денешниот штим на инструментите, од клавирот па до сите други кои се штимаат по него, се наштимани така што нотата А/Ла да биде на 440 херци и дека тоа е наметнато директно со декрет на Геринг кој како и Хитлер бил член на окултни друштва.

Имаме апдејт на изреката „Некому мајка а некому маќеа“

Како и јазикот, и изреките се жива материја па постојано ги физиономира времето во кое живеат. Така, во оваа ера на родова еднаквост и родова флуидност, не е фер дволичниот однос кондензиран во изреката „некому мајка а некому маќеа,“ да биде фиксиран само за едниот пол, тоест за жената. Да слушнеме како звучи по ново. 

Јас сум Теша Тешановиќ

Мислите дека за љубов е потребна посветеност и трпение? Чекајте да видите за ремет што е потребно! Што се раскажува во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“ ќе видите сами во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“. Само да ви обрнеме внимание: видеото трае 10 часа.

Неопходна е дисциплинарност

Нека не прават глупости со комбинирање на предмети. Нека не градат куќа без темел, туку подобро нека поработаат на повишување на стандардите за предавањата и оценувањето ако сакаат да добијат вистинско знаење. Ова не е 1946 година за да ни требаат масовно и набрзина описменети кадри, туку 21 век, време на брз технолошки развој кој сурово казнува неписменост, некадарност и неконкурентност.