Шест секунди зелено

Читателот кој ни го прати видеото а кој сакал регуларно да помине на пешачки (кај Црвен крст), детално им се наебува мајки-шајки на надлежните но тоа ќе треба да го читате подолго отколку што трае видеото. Ама стварно, кои се генијалците кои ова вака го регулираат? Оди па помини, а да не се викаш Усаин Болт.

Ние сме Македонци, што сакаат нека кажат

„Македончик“ е полски документарец кој го прави Петро, син на Мито, еден од бегалците од Егејска Македонија кој завршува во Полска. Петро се враќа во селото на татко му и средбите со луѓето се фасцинантни и длабоко трогателни. Што сè не направија Грците да ги одродат овие луѓе и ама баш ништо не им можат.  Нејќеме да ја поврземе приказната со Преспанска Македонија пошто ќе фатиме да пцуеме и нема да престанеме.