Охрид бил птичјо царство за 900 видови птици

Освен како кулурен музеј со црквите и историјата, Охрид и езерото своевремено беа еден од најфасцинантните природни музеи во Европа. На пример, тоа место важело за птичји рај, со околу 900 различни видови барски и планински птици. „Само таков туризам да теравме, немаше на ова дереџе да дојдеме,“ ни пишува читател. „Ама ние му ебавме мамето за собчиња за по 300 денари“.

Кајшаров беше Q пред тоа да стане шема

Како вистински пастор, магистер Тино не само што дава прецизна дијагностика на новиот извирусен свет туку нуди и ефикасна профилакса, во неколку куси и јебитачни точки. Од типот „силен образовен систем“. Е, не, ќе крие! Ќе се уверите како само епистемиолог од негов калибар може да донесе синтетизиран заклучок дека новиот светски поредок истовремено предизвикува и агресија и хроничен умор. Но, почекајте, тоа е само дел од апдејтот што го имаме за нашиот епископ, ние К(ајшаров)Анонците.

На внуци ќе им раскажувате за ова

Бесмртни се историските моменти кои биле фатени на телевизија. Америка го има убиството на Кенеди и нападот на кулите близначки, за Романија тоа е падот и егзекуцијата на Чаушеску, за Германија рушењето на берлинскиот ѕид. За да не бидеме ние покусо, се погрижи Македонија пат и нивната пила.