Че видиш свет

Тоа е насловот на оваа врањанска верзија на бајката за Аладин, испеана на тој шармантен јужносрбијански дијалект кој ни е близок бидејќи е имун на падежи. Аладин на својата драга ѝ нуди да излезе од дома и со летечкиот килим заедно да го видат светот и неговите чудесии. А чудесии има, особено во стиховите на песната и опишаниот „подобар живот“.

Има работа, на кој му се чешка

Во Белград отвориле салон за чешкање, наречен „Чешкалница“. На почетокот клиентите баш и не го разбирале концептот, ама после го разбрале -  те чешкаат. За да звучи појако, чешкањето го викаат терапија а таа да ти помагала за анксиозност, депресија, го подобрувала спиењето. За да не фантазира некој премногу, нека се сети на стихот на Брега: Такви сми ми Срби, затоа нас и сврби.

Дали мозокот на Марко е рамна плоча?

Сега ќе видите колку Рамбо Амадеус беше во право кога викаше дека разговорот секогаш се води на нивото на поглупиот. Разговараат физичарот и научен новинар Слободан Бубњевиќ и Марко Булат, фолк пеач кој има пеено - ехееј! - на сплавот Лукас! На тема дали Земјата е тркалезна или рамна. Кога некој е сељак, сељак е уздуж и и попреку.

Борис Буден: Да е само до Вучиќ, лесно е

Луѓето кои денеска протестираат во Србија, пред сè студентите, веќе изгубија ако веруваат дека проблемот што ги натера да излезат на улица се вика Александар Вучиќ и дека со негово отстранување од сцена, тој проблем ќе се реши. Еднаш со Милошевиќ веќе упаднаа во таа замка на тотална персонализација на политичкиот и општествениот живот.

Центрирање на водител

Анте Павловиќ беше хрватска верзија на дебармаалскиот Орце Сељакот (кој не го знае Орце - блазе си му). Самонаречен киропрактичар, со години ги тероризираше луѓето од приградската загрепска населба во која живееше и примаше пациенти. Генерално, психопат, ама бидејќи е починат, да не ја шириме приказната. Го викаа и по емисии, ама нешто заретчија откако Анте фати да ги центрира водителите.