Ние сме контејнери од кожа, а не луѓе

Дојдовме до ова дереџе не само поради незнаење, туку, што е пострашно, поради лакомоста на неговото височество - капиталот. Ние сме обични контејнери од кожа, контејнери за човечки отпад: лакомост, грабливост, среброљубие, бесчувствителност, без трошка чувство за другиот, со максимална покорност кон неговото височество Џебот.

Обвинителката Кадриу: Вака беше и за Модуларната

Јасно и прецизно беше наведено дека причинско- последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија.... Беше јасно кој беше изведувач на работите а и нарачател.... Мене ме суспендираа бидејќи им сметав, бев премногу гласна а требаше пола влада во притвор да заврши врз основа на вештачења и собрани докази. И сега, истиот тој обвинител е назначен за испомош во ОЈО Кочани. 

И Скопје има настрешница

Здраво Трендо,
Налетав на видеото на Офф нет, "И Битола има своја настрешница". Тоа ми даде идеја, да ти форвардирам работи кои ги имам препраќано до ЦУК, а во врска со состојбата на Влајко во Влае. 

Постојат луѓе, постојат нелуѓе

Наш дечко кој живее во Осло понудил помош после трагедијата во Кочани. Му се јавил некој, му се претставил како 20 годишен син на несреќната Сара Пројковска, пејачката и професорка која загина во тој ужас. И дека сестра му е една од повредените и се чека да биде префрлена во Осло. Да не ви раскажуваме ние, прочитајте ја изворно оваа одвратна конструкција. И отварање очи, постои багра која нема усул. 

Џони Штулиќ: Секој да знае што прави, за што живее и за што се бори

„Што да прави јадниот народ?“ му поставуваат на Џони едно од оние евергрин прашања за јадниот народ. „Што бре јаден народ - вика тој- секој има своја глава, нека мисли, нека се организира. Кој ќе му ги решава проблемите, Господ?” - Ама ќе му залепат етикета... - Па што! - не попушта Џони, лут, прецизен, срча. „Најважно е човек сам со себе да е слободен“, порачува најголемиот бунџија некогаш роден во Скопје.

Некои Бугари и за кочанската трагедија не може да не го спомнат Тито

Љубчо Нешков од БГНЕС поштено ја опишува нефункционалноста на македонскиот систем, партизираноста, некомпетентноста... Нафрлува и загрижувачки податок: нашиве дозволиле бугарските авиони за транспорт на пациенти да дојдат дури после 18 часа (со што се изгубило драгоцено време)! Само што, не знаеш дали Бугарите почесто користат чубрица или Тито. Кога почнале проблемите на Македонците? Кога Тито им ја направил државата.