Крајот пресот го краси

Човек од партијата на Вучиќ држи прес - конференција. Додека зборува, шара со погледот лево и десно, за сите присутни да имаат чувство дека ним им се обраќа. Прашува и дали има прашања за крај. Нема. Тој станува, камерманот одзумира.  

Како да изнервираш Грк?

Грк гледа видео од некој игнорант западњак кој рецензира таратор, тоест ѕаѕики. И црепов, ѕаѕикито го изговара - пазете - ЗАИТИ ЗАЈКА! Грков одма удри на мајки - шајки, нормално. 

Привремена нула

На стандарден играч од Кафе Зале (Авдуљ) му даваат да дува дрегер, за да видат до каде е. Напнува тој поштено, ко некаков Сачмо од Крњача (Палилула, Белград), го остава апаратот, а тој покажува НУЛА. Таман го обвинија Авдиља дека не знае да дува, апаратчето се произнесе.