Во светот денес се дефинирани над 60 родови идентитети. Во некои земји се влезени како графи во лична документација. Никнуваат нови идентитетски заменки, од типот they и сл.
Сосем им е релевантно да не се идентификуваат со ниту еден пол. Тоа се смета за човеково право и слобода, право на избор, идентитет и сл.
Се будиш сабајле и сфаќаш дека си жител за вселената, сектор еднорози и никој не смее да те гњави поради тоа. По дома се тркалаш во кревет со кого сакаш, комуницираш невербално испуштајќи виножито и никој не смее да те дискриминира.
Но ако се идентификуваш како Македонец, говориш македонски јазик, имаш своја култура и историја, ти треба експерт од соседството да те просветли дека немаш поим и дека си заглавен во погрешни идентитетски матрици.
Од утрово, а не од дедо, прадедо, да се идентификувам со одредена нација, никој нема право да ми ревидира припадност, јазик, држава и историја.
Просто е нереално со што се занимаваме!