Шебање на тема вакцини

Каков шармантен лик е овој босански офанзивен играч. Лагано ја навлече новинарката во офсајд ситуација за да помисли дека е само саркастичен, за потоа босански да забие со: „Кака је та вакцина, бона, 17 комада, јеси л' ти нормална?“ (ако по дифолт мразите анти-ваксери и ги сметате за зло, не можеме да ви помогнеме).

Свадба ко свадба

Многумина ги трпат своите бракови пошто некои од најлошите работи и сцени веќе им се имаат случено. На свадбата. Компилација од неверојатни моменти од стапнувањето на лудиот (индид) камен.