Вчера пред собрание случајно се најдовме до Ивица Боцевски кој пак беше во скачка со една поголема група од 10 лица (можеби и повеќе) кои носеа фантомки. Ивица културно побара да ги извадат фантомките но тие почнаа агресивно да враќаат и беа спремни физички да се пресметаат. Ситуацијата ескалираше и траеше неколку минути а да не беа нашиве што протестираа околу Ивица, ќе настрадаше тој самиот, бидејќи групата упорно не сакаа да им се видат лицата и ги одбиваа барањата на граѓаните кои се префрлија на страна на Ивица.
Е сеа, такви групи имаше многу повеќе во цела толпа и таква иста група влезе да мава по џандари (бев напред, видов), иста таква група е крива за повредените џандари, копиљаци со фантомки уфрлени за да прават срања какви што видовте вчера на тв.
Немојте да паѓајте на спинови од партии, бидејќи 50.000 народ бевме вчера, ниту сте слепи, ниту сте глупи, за да не приметите што ви се случува пред нос, гневни сте знам, револтирани, протестирате мирно и достоинствено, а некој ве прави будала.
Но Дами и Господа моравте да бидете спремни на ова, борбата е таква, и стварно не знам што очекувавте, дека ќе биде лесно, дека ова е кур играње и дека ќе нè послушаат? Дечки ова е секојдневна борба, чим до сега не нè послушаа и не го одбија предлогот, значи дека се спремни да одат до крај, тој крај е поплочен со тешки говна што ќе ни ги приредат.
Да не заборавиме дека имаме работа со махери кои дојдоа на власт со секој ден тепање џандари, палење контејнери, кречеа како Кичо и Ацки у Викенд на мртовци, 3 месеци се бавеа со куртони у боја, вадеа посмртни слики, палеа канцеларии, спиеа по улици, кршеа установи и не ме зачудува сега што пуштаат инсајдери у толпа да прави неред.
Бидејќи токму тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас. Но не ми паѓајте драги мои, 50.000 нè има секој ден, 50.000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некого на власт, туку во една ебана мисија да падне актуелната бидејќи не сакаат да го одбијат францускиот предлог и сакаат да не осакатат за век и веков!
Бидете горди на тоа, бидејќи јас сум горд на вас и сè додека нè има олкав број на улица, МАКЕДОНИЈА ЖИВА И ЖИВ Е АСНОМ и АПСОЛУТНО ништо не ни можат, бидејќи сите тие доаѓаат и си одат, а ние сме едниствената константа која е непроменлива во емоциите кога се работи за татковината. Ве љубам што сте такви!
Се гледаме во 19:00h
Коментар од Ивица Боцевски:
Благодарам за описот на настанот ... Ова е најпрецизна слика што се случуваше. Претходно, заедно со Вас и со останатите насобрани граѓани убедивме неколку групи да ги симнат качулките, но овие беа пренервозни и преагресивни, одбија да го покажат лицето и носеа нешто во чантите. Здравје, барем сега знаеме дека тие со качулките не се дел од протестот. Македонија се брани со гордо крената глава, чисто лице и неизвалкан образ!
****************
***************