Македонскиот Кејп Канаверал

Американците ги имаат космодромите Кејп Канаверал и Кенеди Спејс Центар, Русите Бајконур, Кинезите Ѓуќуен. Кај нас одбројување се прави кога се пали елка. Тоа кај нас е ежењето. За оние како нас кои уживаат во својот хроничен недостаток на новогодишно расположение и еуфорија (славиме отприлика вака), сакаме да се организира одбројување кога ќе се гаси. 

Јаран открива каква ќе биде следната година

Владo Матијевиќ Јаран. Во оригинал изговор - Јајан. Ѕвезда на најдобрата емисија на Балканот после распадот на Југославија. Познат по тенките нерви и избувливоста, во вечна броманса со Брацо Циган, особено алергичен на Ремзо, во кавгаџиска љубов со Дубравка. Денес живее на Крк. Точно прогнозира каква ќе биде следната година, од почеток до крај. Особено крај. 

Треба брза соба?

На влез на нова зграда кај Железничка станица

Вештачки оркестар

Ама баш ништо не знаеме за тоа кој стои зад овој музички каламбур, ама па и не мора. Се работи за преработки на македонски песни направени со помош на вештачка интелигенција и придружни модерни алатки. Ама испаѓаат одлични комбинации: „Бонус трака“ во јака женска верзија, Архангел  и „Убер Македонише“ во мека варијанта, “Чија си“ како хеви метал химна... Чудесии.