Масовна физичка пресметка во еден кварт во бугарскиот град Јамбол. Ништо посебно, луѓе фрлаат шишиња и камења кон некого. Нè скокотка тоа што според неофицијалните информации, гневот на маалските Роми го предизвикал извесен господин кого го викаат Мишо Едноракиот. Има некоја филмичност во оваа приказна.