Полтронството како државна политика

Според македонскиот речник, полтронството е однесување при кое некој е понизен, сервилен и послушен кон посилните, а груб, навредлив и агресивен кон послабите или кон оние што немаат моќ да возвратат. Да погледнеме како изгледа тоа во македонската пракса на владеење.

Зоки Панкерот удри фајронт

Скина неповторлив скопски лик. Зоки Панкерот (инаку Тодоровски), градски да поградски не може да биде, од она Скопје кое ретки (не)среќници го гледаат; во три, четири, пет сабајле. На шанк, со црнчиња. Флок па Балет, место во чија темнина и бучава се забораваше на времето. Гласно, алкохолно, лепливо, се клатат и луѓе и лустерчиња над шанк. Место во кое човек и да дочекаше фајронт, не се сеќаваше на него.

Ги мрзело да летаат

Дебакл доживеа најавениот величествен премин во Новата година кој се организираше во Будва а на кој централен спектакл требало да биде перформанс со шестотини дронови. Дроновите навистина полетаа кај Пристанишната капетанија но набргу почнаа да пааѓаат во море и на почва. Што да летаат кога можат да лежат.   

Вечерва сите сме Македонци!

„Вечерва сите сме Банда Ентопика, вечерва сите сме Македонци“ е реакција на еден Грк од Атина на безумниот потег на градоначалникот на Лерин (денес Флорина) да забрани група да пее македонски (љубовни) песни на македонски јазик. Ела ќерко да ти кажам и Софка. Лудаците кои го бранат градоначалникот Јанакис Василеос ја мешаат Ела ќерко со Елено ќерко за која пак тврдат дека после Илинден 1903-та била користена против грчкото население. Кои лудаци.