Вечерва сите сме Македонци!

„Вечерва сите сме Банда Ентопика, вечерва сите сме Македонци“ е реакција на еден Грк од Атина на безумниот потег на градоначалникот на Лерин (денес Флорина) да забрани група да пее македонски (љубовни) песни на македонски јазик. Ела ќерко да ти кажам и Софка. Лудаците кои го бранат градоначалникот Јанакис Василеос ја мешаат Ела ќерко со Елено ќерко за која пак тврдат дека после Илинден 1903-та била користена против грчкото население. Кои лудаци.  

Македонска Боса нова

Горан е дечко кој доста вешто се занимава со ВИ обработки на македонски народни песни, во современ bossa nova и smooth jazz стил. „Се обидувам да ја задржам автентичната мелодија и емоција на народната музика прилагодувајќи ја на традиционалната бразилска bossa nova музика која во суштина е тивка емоционална музика која има произлезено од џез музиката“, ни пишува тој.

Ако нешто нè гневи...

Кратка видео снимка од деца од некое српско семејство како по дома го слават Свети Никола станала вирална. Не заради нешто друго туку затоа што многумина „напредни“ ги исмејувале што софрата им е оскудна, само со погача и риба. А и рибата не била зготвена. Гррр....

Голем беше ама пиеше

Експерт по античка („грчка“) историја одговара на прашања од Твитер. „Ако Александар бил толку Велики, како тогаш загинал на само 32 години?“ Професор Пол Кристесен објаснува дека Александар влегува во жестоки битки многу млад, на само 16 години. До 32 години кога умира, веќе бил прилично расходуван. Сега доаѓа клучниот ден: „А како и повеќето Македонци, по цел ден пиеше“.

Мајка ЕУ и македонските пајчиња

Австрискиот природословец Конрад Лоренц има воведено термин втиснување (Imprinting) за трауматски ситуации кои се врежуваат како слика за светот. Ако уплашени пајчиња, наместо мајка им, видат мачка, ќе помислат дека тоа им е мајка и ќе одат по неа. Така и Македонија. Во неизвесните времиња кога се осамостојувавме, ја видовме ЕУ, тргнавме по неа и уште не гледаме дека светот се има сменето. Игор Радев, одличен.