Се собрале комитите

Музичари од Колумбија и Венецуела им свират македонска песна на луѓе од Бангладеш. Онаа кога луѓето на Јордан Пиперката се собираат за да му се мајке наебат на Алил Паша, што ја има грабнато плавушата Стојна. Целата оваа музичката иницијација на Бангладешанци се случува во Чешка. Вива ла Македонија.

Кавгата околу орелот

Макс Амини, американски стенд-ап комичар со иранско потекло, пробува на публиката да ѝ ја долови „тежината“ на оној „орелски“ поздрав кој Албанците го прават со рацете (памтете Ахмети кога во вежбаше на стари години?), и како тоа го доживуваат Србите. Ко за беља, од публика се јавува Србинка, за да го поправи Амини, тоест да го потврди неговото мислење дека сето тоа гневење е непотребно. 

Верата е однесувањето

Не ми требаат политичари на џума, вели мудриот човек, ако доаѓаат за мене, подобро да не доаѓаат. Џума, постење... тоа се обреди за благодарност кон Бога. А верата е нешто друго, верата е како се однесува човекот. Што ако едниот комшија ми се вика Мухамед а другиот Марко, ако Мухамед ме малтретира и ми фрла ѓубре во двор, за разлика од Марко кој е прекрасен човек. Кој ми е поблизок?