Македонија, накратко: 300 куќи - 10 луѓе

Странска репортажа од село Десово, прилепско. Авторот (Американец) е одушевен што луѓето во селото ги зборуваат сите јазици на своите соселани (Македонци, Бошњаци, Албанци, Роми...). Ние сме одушевени од нивната способност за сублимирање на суштината: Во Македонија е добар живот, вели човек од Десово, сите лежат и никој ништо не работи. И што знаат дека Скопје е повалкано од Прилеп.

Патник од англиската работничка класа во Скопје

Скромен Англичанец кој има посетено преку 50 земји во светот доаѓа и кај нас. Ништо од она што ние би го рекле за нас (ѓубре, гужва, некултура...). Напротив. Скопје го прогласува за едно од најубавите места кои ги видел, се чуди колку е безбедно ноќе да шеташ и по темни сокаци, јаде грав во Космос... Дечко, пак да ни дојдеш, да нè потсетиш дека овој град некогаш треба и да се сака.