„Џорџ Карлин: мило ми е што сум мртов“ е наслов на едночасовно комично шоу генерирано од вештачка интелигенција, кое излезе во вторникот, 9.1. на јутјуб каналот Дјудси, кое објавува и други комични програми продуцирани на истиот начин.
Шоуто е направено врз основа на оригиналниот материјал на Карлин, со имитирање на неговиот глас, начин на говорење и теми кои би биле актуелни денес. Темите се масовни пукања, американскиот класен систем, сервисите за стриминг, социјалните мрежи, но и самата вештачка интелигенција.
„Вештачкиот“ Карлин вели:
„Има една професија која е најзагрозена од ВИ, која целосно ќе биде избришана - стендап комедијата. Знам дека сега моите колеги низ светот велат: јас сум уметник, и мојот израз е премногу креативен, премногу суптилен за да биде реплициран од машина. Но компјутерска програма може да каже виц со прдење исто толку добро колку и јас“.
Кејли Карлин, ќерката на комичарот кој почина во 2008 од срцеви проблеми, постираше соопштение на Твитер следниот ден по објавувањето на шоуто во кое вели: „Татко ми го помина целиот живот усовршувајќи ја својата вештина, служејќи се со својот ум и имагинација. Ниту една машина нема да го замени неговиот гениј. Овие производи создадени со ВИ се лукави обиди да се рекреира ум кој никогаш повеќе нема да постои. Да ги оставиме делата на уметниците да говорат сами за себе. Луѓето толку се плашат од празнината што не можеме да оставиме она што паднало во неа да остане таму“. Според неа, наместо да се прават вакви генерирани шоу програми, подобро е да ги слушнеме живите комичари.
Еве колку лошо изгледа Карлин генериран со ВИ: