Од нашата наградна акција

Раскажувам лектира: Ведрана за „Робинзон Крусо“

По најавата на акцијата за раскажување лектири почнаа да пристигнуваат првите кратки состави. Овој е на една Ведрана, која се потрудила самата да го искуца текстот за „Робинзон Крусо“ во компјутер. А од нејзиниот состав дознавме, меѓу другото, дека постои македонски превод на оваа книга во која Петко се вика - Петкан!

Рокот за испраќање на состави е 1 септември, а наградата за најдобриот е школски прибор во вредност од 1.000 денари. 

***

Лектира
“Робинзон Крусо”

Една од дадените лектири за читање ми беше “Робинзон Крусо”. Сега во кратки црти ќе ви ја опишам таа преубава авантуристичка книга:

Робинзон Крусо е човек од Англија кој како мал не го послушал татко си и тргнал на опасна авантура со желба да стане морепловец. По неколку пати избегнување смрт тој доживува бродолом. Брановите го отфрлаат на остров кој е комплетно ненаселен. Тој таму наоѓа начини како да преживее: да изгради дом, да најде прехрамбени продукти итн..но за сите тие години му било многу тешко. По некое време живеење сам тој дознава дека токму неговиот остров од време на време го посетуваат човекојадци кои таму ги носат своите жртви.

Еден ден тој забележува како некои човекојадци се спремаат да убијат еден човек кој покасно побегнува. По некое време Робинзон Крусо го спасува човекот од човекојадците и го нарекува Петкан (така пишуваше во мојата книга). Продолжија да живееат заедно и Крусо го научи Петкан да зборува англиски и основни работи за преживување на островот. По неколку години тие забележуваат уште една случка каква што му се случила на Петкан. Тие заедно спасуваат еден од несреќните заробеници и дознаваат дека тој е еден Шпанец од групата на белите луѓе кои пристигнале на островот на Петкан пред тој да биде заробен. Потоа во еден чун на човекојадците пронаоѓаат еден старец кој испаднува дека е таткото на Петкан. По кратко време од тој настан се договориле Шпанецот и таткото на Петкан да одат на островот на Петкан и да ги доведат останатите бели луѓе. Но по извесно време тие не се вратиле.

Еден ден Петкан и Робинзон Крусо во морето здогледуваат еден англиски брод кој се движи кон брегот на нивниот остров. Тие гледаат како некои луѓе од бродот вадат тројца заврзани луѓе. Тие по кратко време се спасени од Робинзон Крусо и тој дознава дека тие се капетан, помошник на капетанот и патник кои одбиле да станат пирати и кои се остаеви на пуст остров (барем така мислеле додека не дознале дека некој живее на него). Потоа тие еден по еден ги заробуваат пиратите и ги тераат да станат од нивна страна.

На крајот капетанот си го добива назад својот брод. Тој заедно со бившите пирати, белите луѓе кои биле Шпанци и Португалци, Петкан и неговиот татко како и Крусо одат на далек пат за Англија. Робинзон Крусо беше среќен бидејќи е на слобода и се враќа во својата родна земја по толку време.

Ведрана Ристовска
VI2- ОУ “11 Октомври”- Скопје

30 јули 2018 - 15:03