Втор пристигнат прилог кон акцијата „Раскажувам лектира“, овој пат од момче кое наскоро ќе биде второ одделение, за книгата „Касни-порасни“ од Петре М. Андреевски. Веднаш ни дојде да пресечеме лубеница...
Летото некако традиционално се поврзува со време за читање, а можеби тоа е навика од детството, кога единствената обврска за време на распустот беше да се прочитаат лектирите. И тоа не беше лоша работа, и се уште не е.