Како се журкаат оперски пејачи

По премиерата на панкерскиот „Фалстаф“

Деновиве голем број медиуми ја пренесоа веста за настапот на нашиот Благој Нацоски во необична продукција на Вердиевиот „Фалстаф" во Сао Паоло, Бразил. Ние, како секогаш имаме нешто повеќе - како си помина екипата по премиерата. Ти иде да затвориш кафана и да им нарачаш една од Тома Здраковиќ.

Последната опера на овој Верди, напишана кога тој имал скоро осумдесет, има комично либрето поврзани со ликот и делото на сер Џон Фалстаф, кој се појавува во три драми на Шекспир - дебел, суетен и плашлив витез. Ама оваа продукција, барем визуелно, изгледа како повеќе да се инспирирала од Секс пистолс и од Клеш отколку од витешката естетика. Режисер е Давид Ливермор, a во насловната улога настапува Амброџо Маестри, кој во моментов е најпознатиот Фалстаф во светот.

Ви нудиме две клипчиња - официјален трејлер за претставата, и неофицијален извештај од забавата по премиерата која се одржа во неделата (13.4). Распашан на пијаното - баритонот Маестри. Во тегет кошула - тенорот Нацоски. На програмата: Core 'ngrato. Блазе си им.


Журката: 

15 април 2014 - 14:12