На 20.09.2026 (недела), со почеток во 12 часот во КСП Центар -Јадро, ќе се одржи петтиот собир на филмскиот и книжевен клуб „Пат кон Истокот“ во организација на Пагода и Македонско-јапонското друштво за пријателство и соработка.
На оваа средба ќе се разговара за јапонскиот роман „Фенерот на изгубените спомени“ (The Lantern of Lost Memories) од авторката Санака Хираги, а домаќинка на дискусијата ќе биде Катерина Димовска.
„Пат кон Истокот“ е книжевен и филмски клуб од отворен тип, создаден за љубителите на литературата и филмот од земјите на Источна Азија. Од оваа средба, по барање на мнозинството членови на клубот, средбите ќе се одржуваат на секои два месеци наместо на секои три месеци. Домаќинот го предлага насловот, како и начини за набавка на книгата. Доколку не може да се обезбеди печатено издание, може да се користи и дигитална верзија на било кој јазик. Членството е отворено за сите што се заинтересирани за источноазиските книжевности и култури.