Во деновите кога копањето по интернет не дава ниту еден интересен резултат, на Букбокс применуваме финта која сме ја чуле од уредник на подкаст кој очигледно имал исти такви, очајни денови. Одиме на општата страница на Википедија на англиски и го кликаме копчето „рендом пејџ“. Алгоритамот избира случајни страници кои главно се исто толку бескорисни, но по принципот на оние коцкарски автомати, понекогаш исфрла бисери какви што сами тешко би нашле.
Ани Рауверда, креаторот на Инстаграм профил под наслов „Длабочините на Википедија“ можеби ја користи истата финта. Ова го сфативме кога го откривме нејзиниот акаунт и забележавме дека таму се поместени статии за кои веќе сме пишувале, служејќи се меѓу другото и со необичните Википедија страници на истата тема (види тука или тука).
„Википедија е неверојатно обемна архива на речиси сè што е важно; модерна Александриска библиотека којашто е слободна, пристапна и динамична. Но Википедија се карактеризира не само по она што е, туку и по она што таа не е. Таа не е подиум, воено поле, ниту блог“, вели Рауверда, цитирајќи ја страницата „Што не е Википедија“ (на Википедија).
Но она што Википедија, барем за неа и за љубителите на бизарното, е скапоцен извор на забава и очудување за тоа на какви сè теми луѓе посветуваат време, да се логираат на Википедија и да направат асли статија која претставува нивен комуникациски канал со светот.
Рауверда почнала да ги собира овие бисери за каран-зин на своја пријателка (е-брошура која се издавала за време на карантинот). Таа е студентка по невронаука, и она што до сега го сфатила од луѓето кои го посетуваат нејзиниот Инстаграм профил, целосно посветен на оваа тема, е дека ним не им пречи ако постот не содржи слика, но најмногу ги сакаат кратките, емоционалните или постовите кои имаат врска со животни. Самите корисници ѝ испраќаат интересни наоди, но на сама Википедија исто така има „список необични статии“.
Еве еден мал избор од нив:
- Дрвото кое си е самото свој сопственик
- Каменот во форма на парче месо
- Награда „Златно руно“ која се давала на најкорумпиран американски политичар или службеник
- Скокоткање пастрмки
- Екстремно пеглање
Едно е јасно - имаме скапоцен извор на идни статии.